Commons:Добредојдовте
From Wikimedia Commons, the free media repository
|
This project page in other languages:
Afrikaans | Alemannisch | Aragonés | العربية | Asturianu | Български | বাংলা | Català | Cymraeg | Dansk | Deutsch | Ελληνικά | English | Esperanto | Español | Euskara | Français | Galego | עברית | Hrvatski | Magyar | Interlingua | Bahasa Indonesia | Íslenska | Italiano | 日本語 | 한국어 | Lëtzebuergesch | Македонски | Plattdüütsch | नेपाली | Nederlands | Norsk (nynorsk) | Norsk (bokmål) | Occitan | ਪੰਜਾਬੀ | Polski | Português | Русский | Slovenčina | Slovenščina | Basa Sunda | Suomi | Svenska | Türkçe | Tiếng Việt | 粵語 | 中文(简体) | 中文(繁體) | +/− |
[edit] Што е Заедничката Ризница?Заедничката Ризница на Викимедија е складиште на медиумски податотеки кое нуди јавнодоменски и слободно-лиценцирани содржини (слики, аудио и видео снимки) достапни за секого и на сопствениот јазик. Функционира како заедничко складиште за различните проекти на Фондацијата Викимедија, а неговите содржини се слободно достапни, без потреба од членство на некој од проектите. Ова складиште го создале и го одржуваат доброволци, а не платени лица. Рамките на делокругот на Ризницата се објаснети на страниците за Рамки на проектот. Заедничката Ризница користи вики-технологија како онаа на Википедија и секој може да ја уредува. За разлика од други проекти, податотеките кои се подигаат на Ризницата можат да се вметнуваат во страници на сите проекти на Викимедија без да треба да се подигаат посебно на секој од нив. Ризницата е пуштена на 7 септември 2004, а достигна 1.000.000 подигнати статии на 30 ноември 2006. Моментално Ризницата има 5,581,551 податотеки и 93,621 медиумски збирки. Повеќе информации за позадината на проектот ќе најдете на Одрекување од одговорност, на страницата на Википедија за Заедничката Ризница и на нејзината страница на Мета-вики. За разлика од вообичаените складишта на медиумски податотеки, Заедничката Ризница е слободна. Тука секој слободно може да копира, користи и менува било која податотека под услов да го наведе изворот и авторот, и под услов корисниците да ги издаваат нивните копии/преработки под истата слободна лиценца како останатите корисници. Самата база на податоци на Ризницата и текстовите во неа се под лиценцата Creative Commons Наведи извор/Сподели под исти услови. Условите на лиценцата на секоја поединечна податотека можете да ги видите на описната страница за секоја од нив. Повеќе информации за користење на податотеките ќе најдете на Commons:Reusing content outside Wikimedia и Commons:First steps/Reuse.
|