Commons:Први чекори/Сметка

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
This project page in other languages:

Alemannisch | العربية | asturianu | català | čeština | Deutsch | Ελληνικά | English | español | français | galego | magyar | italiano | 日本語 | ភាសាខ្មែរ | 한국어 | македонски | Nederlands | norsk nynorsk | norsk bokmål | occitan | polski | português | русский | slovenščina | shqip | suomi | svenska| Türkçe | Tiếng Việt | 中文(简体)‎ | 中文(繁體)‎ | +/−

Први чекори
Први чекори
Совети и трикови
Трети лица
Како да создадете и прилагодите сметка на Ризницата

За да подигате податотеки најпрвин треба да имате сметка на Ризницата и мора да бидете најавени. Создавањето на сметка е бесплатно и трае само неколку секунди.

Создавање на сметка[edit]

Врската „Login/create account“ во горниот десен агол Кликнете на врската „Log in / create account" во горниот денесен агол.
Најавна маска со потцртана врска за создавање на сметка Ова ќе ве одведе до најавната маска. Кликнете на задебелената врска „Create an account“.
Маска за создавање на сметка Сега ќе се појави маската за создавање на сметка.
  • Внесете ги искривените букви од сликата во полето. Ова е неопходна заштита од спамирање. Ако не можете да ги видите буквите, проследете ги напатствијата на Special:Captcha/help.
  • Потоа внесете корисничко име и безбедна лозинка.
  • Не морате да внесете е-поштенска адреса. Доколку внесете, ова ќе ви овозможи да разменувате пошта со други корисици. Ако ја внесете, подоцна ќе морате да ја потврдите. Запомнете дека нова лозинка (во случај да ја заборавите) се добива единствено преку потврдена адреса.
  • Вашата е-поштенска адреса ќе биде видлива само за корисниците на кои ќе решите да им пратите е-пошта.

Местење на нагодувањата[edit]

Кориснички јазичиња по успешно најавување. Стрелката покажува на јазичето „preferences“ tab.

Откако ќе се најавите, можете да го смените изгледот на интерфејсот, како на пример јазикот, во „мои нагодувања“ ("my preferences"). Исто така горе-десно во јазичињата ќе ви се прикаже корисничкото име и некои други можности.
Паѓачката листа на јазици Ако сакате да го смените корисничките нагодувања, кликнете на јазичето „preferences“. Таму има широк избор на прилагодувања. Можете да започнете просто со избирање на саканиот јазик на интерфејсот од паѓачката листа.
Не заборавајте да зачувате Не заборавајте да ги зачувате вашите прилагодувања со кликнување на коопчето „Save“ подолу. Ако промените не ви испаднат како што сте замислиле, можете да ги вратите на зададените со кликнување на копчето „Reset“.