Commons:Шаблони за е-пошта

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search

Shortcut: COM:ET

العربية | беларуская (тарашкевіца)‎ | català | dansk | Deutsch | Ελληνικά | English | Esperanto | español | فارسی | suomi | français | galego | magyar | italiano | 日本語 | 한국어 | македонски | Nederlands | norsk bokmål | norsk nynorsk | occitan | polski | português | русский | slovenčina | svenska | Tiếng Việt | 中文(繁體)‎ | 中文(简体)‎ | +/−

Оваа збирка содржи шаблони за е-пошта за одредени ситуации. Се разбира, вие можете да ги менувате предложените шаблони или да употребувате јазик по сопствен избор. Ве молиме документирајте ги дозволите кои ќе ги добиете на соодветната страница и препратете примерок од дозволата на permissions-commons на wikimedia точка org (permissions-commons@wikimedia.org), која служи како Централен архив на дозволи на Заедничката Ризница. Видете и Commons:OTRS.

Само имателот на авторските права може да ви даде дозвола[edit]

Доколку ја праќате е-поштата на организација, морате да стапите во контакт со конкретното лице кое е имател на авторските права на делото. Тоа лице е единственото кое е правно овластено да издаде дело под некоја лиценца.

Изјава за согласност за сите побарувања[edit]

Поради големиот број на недоискажани одговори во врска со дозвола за користење на слика, текст и сл. (како на пр. „Ѝ дозволувам на Википедија да ги користи моите слики“) ви советуваме кон вашето барање по е-пошта да приложите стандардна изјава за согласност (и да ја посочите во барањето), која авторот/имателот на правата може да ја врати во одговорот на тоа барање. Доколку се јави потреба, долунаведениот пример може да се менува, со потребните дополнителни информации. Имајте предвид дека зборовите „ДЕЛО“ и „ЛИЦЕНЦА“ не треба да фигурираат во одговорот бидејќи тие треба да се заменат со датали за сликата и лиценцата.

До permissions-commons@wikimedia.org

Со ова потврдувам дека јас сум создавачот и/или единствениот имател на ексклузивните авторски права на ДЕЛО [    вметнете врска    ].

Се согласувам да го објавам делото под слободна лиценца [   изберете барем една    од http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Choosing_a_license#Common_free_licenses — ОВАА ИЗЈАВА Е НЕВАЖЕЧКА ДОКОЛКУ НЕ НАПИШЕТЕ НЕШТО ОВДЕ ].

Потврдувам дека дозволувам секому да може да го користи делото во комерцијален производ, и да го менува според неговите потреби, под услов корисникот да се придржува кон условите на лиценцата и други закони кои евентуално би важеле за тоа дело.

Јасно ми е дека авторските права за делото секогаш ќе бидат мои, и дека го задржувам правото да ми се припише заслугата, во согласност со избраната лиценца. Измените на делото кои би ги вршеле други лица нема да ми бидат припишани на мене.

Јасно ми е дека слободната лиценца се однесува само на авторските права, и јас го задржувам правото да одлучам да покренам постапка против секој кој би го користел ова дело за клевета, или пак кршење на права на личноста, ограничувања за заштитни знаци, и тн.

Потврдувам дека немам право да ја повлечам оваа согласност, и дека делото може трајно да се чува на некој проект на Викимедија.

 ДАТУМ, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ИМАТЕЛОТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА     

Повеќе примери[edit]

Можете да погледате повеќе Примери за барања на дозвола.