Commons:Picture of the Year/2011/Eligibility/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
  Picture of the Year
    The Sixth Annual Wikimedia Commons POTY Contest
Not voting.svg Thanks for your participation! The 2011 winners have been announced!

Where to? I want to vote · I want to join the committee · I need help

Introduction & dates · Voting · Round 1: Galleries · Round 2: Finalists · Results

Preparation · Translations · Discussion · Organising committee · Issues / Help · FAQ 


дали сте подобни да гласате? Дознајте сега.

Подобност за гласање

  1. Корисниците мора да имаат сметка на било кој Викимедиин проект, регистрирана пред недела, 1 април 2012 00:00:00 [UTC].
  2. Сметката мора да има барем 75 уредувања на било кој поединечен Викимедиин проект пред недела, 1 април 2012 00:00:00 [UTC]. Проверете дали имате право на глас со алатката за проверување на подобноста.
  3. Корисниците мора да гласаат со сметка што ги задоволува наведените услови или на Ризницата или на друг Викимедиин проект поврзан со SUL (вашата сметка на друг проект мора да е поврзана со ваша сметка на Ризницата преку SUL).
Напомени
  • Дури и ако имате повеќе подобни сметки, еден корисник може да гласа само со една сметка.
  • Гласовите дадени од корисници со IP-адреса се неважечки.
  • Гласовите од неподобни корисници/сметки и повеќекратните/дуплирани гласови што не се водат по правилата ќе бидат поништени.
  • Поради големиот обем на гласови, не прифаќаме гласови што не ги задоволувааат критериумите, согласно официјалната алатка за подобност.

Подобност на сликите

Изборот за „Слика на годината 2011“ има два круга.

I круг
  • I круг ги опфаќа сите слики што добиле статус на избрана слика во 2011 година.
II круг (финален)
  • II круг опфаќа 32 слики што добиле највеќе гласови во I круг. Во Финалниот круг влегуваат слики од било која категорија - категориите не се важни при броењето на гласовите.
  • Може да се случи некоја тематска категорија да не учествува со ниедна слика во финалните 32. Тогаш, во интерес на запазување на разнообразноста, ќе ја вклучиме сликата со највеќе гласови од таа категорија. Финалниот круг може да има повеќе од 32 слики
Напомена
  • Сликата што ќе освои највеќе важечки гласови во Финалниот круг ќе биде прогласена за „Слика на годината“. Заедно со победникот, ќе бидат истакнати и второпласираната и третопласираната слика.
  • Ниедна слика-кандидат не смее да се дисквалификува без внимателна дискусија, под услов да не е избришана. Откако ќе почне гласањето, не смее да има замени на слики, дури и ако некоја од нив е избришана.

Како да гласате

Разгледајте ги галериите за тековниот круг на гласање и обратете внимание на сите слики во избраната категорија. Кога ќе утврдите за која слика сакате да гласате, стиснете на копчето „Гласај“ под неа.

Гласот ќе се зачува автоматски. Ова ќе биде заведено вашите придонеси. Доколку наидете на некоја грешка, прочитајте ги ЧПП или пријавете ја.
На страницава, вметнете го кодот # [[User:{{subst:REVISIONUSER}}|]] во нов ред веднаш по гласот на корисникот пред вас.

Правила на гласањето

Во I круг - повеќе гласови
Подобните корисници можат да гласат за било колку слики.
Еден глас за една слика; дуплираните гласови нема да се важат.
Во Финалниот круг - само еден глас
Секој подобен корисник може да гласа за само еден од финалистите.
Доколку се случи да дадете повеќе од еден глас, ќе важи само последниот што сте го дале.