Commons:Picture of the Year/2011/Translations/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search


mk[edit]

Соопштенија[edit]

Да се стават на поштенски списоци и селски чешми за да се информираат корисниците дека почнал конкурсот.

Порака 1: започна I круг од гласањето[edit]

Драги викимедијанци,

Заедничката Ризница со чест и задоволство ве известува дека започна гласањето за конкурост „Слика на годината 2011“. Не интересира вашето мислење, за да одредиме кои слики ги сметате за подобни да бидат „Слика на годината 2011“. Право на глас има секој корисник со сметка на Ризницата или сметка на друго Викимедиино вики поврзана со Ризницата преку SUL и има направено над 75 уредувања пред 1 април 2012 (UTC). Проверете дали имате право на глас!.

Меѓународната заедница на Заедничката Ризница лани го додели статусот„избрана слика“ на преку 600 слики, и сите тие се кандидати на овогодишниот конкурс. Имаме голем избор на најразлични видови на слики: професионални фотографии на животни и растенија, восхитувачки панорами, реставрирани слики од историско значење, слики од најзначајните архитектонски дела, карти, амблеми, дијаграми создадени со најсовремената технологија, како и импресивни портрети на луѓе.

За да ви олесниме, сликите ги подредивме во тематски категории. Конкурсниот избор има два круга : во првиот можете да гласате за било колку слики. Потоа, во финалето влегуваат најдобрите 32 слики (со највеќе гласови) од било која категорија – категориите се нерелевантни кога се бројат гласовите. Доколку се случи некоја категорија да нема ниедна слика меѓу последните 32,најдобрата слика од таа категорија ќе биде вклучена во финалистите, со цел да се запази разновидноста на изборот. Во финалниот круг, кандидатурата се сведува на ограничен број слики, па затоа во тој круг треба да се одлучите за сликата што сметате дека заслужува да биде „слика на годината“.

Кандидатите можете да ги погледате на: http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011/Galleries

Заедничката Ризница е заинтересирана да ги чуе вашите мислења за избраните слики од 2011. Првиот круг од гласањето завршува на XX јуни 2011 во 23:59 (UTC).

Благодариме,
Одбор за Слика на годината на Викимедија
http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011

Порака 2: започна II круг од гласањето (финалисти)[edit]
Минатогодишната слика на годината. Ваше е да одлучите која ќе ја наследи!

Драги викимедијанци,

Финалниот круг на изборот за „Слика на годината 2011“ на Ризницата започна!

Направивме избор на најдобрите [X] слики од првиот круг, благодарение на учеството на гласачите како вас. За да ја одредиме најдобрата од нив, ќе треба да дадете уште само по еден глас.

Финалистите се наведени тука: http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011/Finalists. Ако сте подобни, можете да гласате во финалето, дури и ако не гласавте во првиот круг. Проверете дали сте подобни на следнава страница: http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011/Eligibility. Гласањето во финалето трае до XX МЕСЕЦ 2011, 23:59 (UTC), па затоа ви предлагаме да побрзате!

Заедничката Ризница со чест и задоволство ве поканува да гласате за сликата што сметате дека заслужува да биде „Слика на годината 2011“.

Благодариме,
Одбор за Слика на годината на Викимедија
http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011

Порака 3: соопштување на победникот[edit]

Драги викимедијанци,

Конкурсот „Слика на годината 2011“ заврши и чест ни е да ви ги соопштиме резултатите:

ПОБЕДНИК: <IMAGEDESCRIPTION> (<IMAGENAME>) од <IMAGEAUTHOR>. <NUMVOTES> гласови

ВТОРОПЛАСИРАНА: <IMAGEDESCRIPTION> (<IMAGENAME>) од <IMAGEAUTHOR>. <NUMVOTES> гласови

ТРЕТОПЛАСИРАНА: <IMAGEDESCRIPTION> (<IMAGENAME>) од <IMAGEAUTHOR>. <NUMVOTES> гласови

Во првиот круг имаше 599 слики и <NUMVOTERS> гласачи. Во финалниот круг влегоа [XX] слики, а гласањето имаше излезност од <FINALNUMVOTERS> гласачи. Им честитаме на сите учесници што ги создадоа овие прекрасни дела, и што му ги понудија на светот како слободна содржина.

Целосен список на гласовите за сите слики ќе најдете на http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011/Results .

Би сакале да им се заблагодариме на сите оние што учествуваа.

Благодариме,
Одбор за Слика на годината на Викимедија
http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Picture_of_the_Year/2011

Плакатно известување[edit]

I круг (отворена бета-проба)[edit]
  • Известувањето се става на MediaWiki:Sitenotice и се прикажува на Ризницата
Се соопштува само на Commons-l и на плакатното известување на викито
Гласовите дадени во овој период исто така се важат.
Ги замолуваме корисниците на Ризницата да ги пријавуваат проблемите на Commons talk:Picture of the Year/2011?
I круг[edit]
Финале[edit]