MediaWiki:Uploadtext/mkownwork

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
Овој образец е наменет само за подигање на опствени дела - податотеки што сте ги создале вие и каде вие сте сопственик на авторските права.

За да подигнете нечие туѓо дело, користете друг образец.

Чекор 1. Дали ова е ваше дело?
Checked copyright icon.svg
  • Фотографии или видеоснимки што вие сте ги создале сликајќи/снимајќи:
    • природни пејзажи, животни и растенија
    • луѓе што се јавни личности или сликани/снимани на јавен настан
    • наменски или неуметнички предмети (алатки, чинии за јадење и тн.)
  • Графикони, карти, дијаграми и аудиоснимки што се во целост ваше дело.
  • Дела под слободна лиценца кои вие сте ги измениле:
    • како горенаведеното, само што изворното дело не е ваше
    • изворниот автор (или автори) треба да се наведат согласно условите на лиценцата
  • Дела што во себе содржат други дела заштитени со авторски права (изведени дела) - овие не се дозволени, и затоа не ги подигајте!
    • Екрански снимки на ТВ програми, филмови, ДВД и сметачки програми.
    • Фотографи на уметнички дела, статуи, амбалажи и (честопати) играчки.
    • Цртежи на ликови заштитени со авторски права од ТВ, стрипови или филмови, дури и ако вие самите сте ги нацртале.
Stop hand.svg
Чекор 2. Помогнете им на корисниците да ја пронајдат податотекава. (Ризницата има над 7 милиони податотеки)
Searchtool.svg
  • На целното име на податотеката дајте му описен назив. Не користете претходно зададени имиња!
  • Користете ја информативната кутија десно
  • Напишете јасен опис на делото што го подигате.
    Обидете се да им помогнете на оние што ја пребаруваат Ризницата да го пронајдат вашето дело.
  • Користете ја алатката CommonSense за да пронајдете категории.
  • Се препорачува на сликата да ѝ додадете податоци за географска местоположба. За повеќе информации погледајте ја страницата Commons:Геокодирање.
Ископирајте го ова во полето за опис
и внесете ги податоците
:
{{Information
|Description=
|Source={{own}}
|Date=
|Author= МоеИме (~~~)
|Permission=
|other_versions=
}}
Чекор 3. Одберете лиценца за слободна содржина за делото.
Definition of Free Cultural Works logo notext.svg

Кога подигате свое дело на Ризницата вие всушност правите донација, подарувајќи му го делото на светот со тоа што користите лиценца за слободна содржина со која дозволувате секој да може да го користи, менува и редистрибуира вашето дело за било каква цел. Оваа донација е неотповиклива. Иако вие си го задржувате авторското право на делото, сите поднесени дела на Ризницата мора да имаат барем четири слободи. За да дознаете повеќе за добротворната мисија на Фондацијата Викимедија, посетете го нејзиното мрежно место.

  • Ризницата нуди повеќе можности за лиценцирање. Тие главно се разликуваат по условите на наведување и постоењето на дополнителни услови кои наложуваат делата засновани на вашето да бидат објавени под слични слободни услови.
  • Одберете лиценца од паѓачкото мени, или внесете ја самите во полето за опис (од Commons:Ознаки за слики).
  • Ваша е одговорноста да осознаете кои права ги задржувате.
Чекор 4. Дали вашето дело било претходно објавувано? (ако било, тогаш помогнете ни да потврдиме дека ова е правно исправен примерок)
  • Ако вашето дело досега не било објавувано, тогаш можете да продолжите со подигањето.
  • Ако вашето дело е веќе објавено некаде на интернет под слободна лиценца и наведено е истото име или прекар што го користите сега, тогаш можете да продолжите со подигањето.
  • Ако вашата податотека е објавена без слободна лиценца, под поинакво наведено име, или воопшто без наведување, тогаш испратете потврдно писмо по е-пошта на адресата на оваа страница и додајте {{OTRS pending|month=March|day=30|year=2015}} со податоци за претходното објавување во долунаведеното поле за дозвола.
Други совети
  • Подигнете го примерокот со највисока резолуција, и не му ставајте жиг на делото.
  • Подигајте само податотеки од видовите што се прифаќаат на Ризницата (SVG, PNG, JPG, GIF, Ogg, DjVU, ...).
  • Сликите што компромитираат или посрамотуваат лица кои не се јавни личности направени без нивно знаење честопати претставуваат проблем. Просудете внимателно.
  • Ризницата е наменета за образовни и информативни содржини.