Template:MIT/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
MIT logo.svg
Оваа датотека е под лиценцата Expat, понекогаш е познат како MIT-лиценца:

Авторски права © 2014 Авторот

Со ова се дава дозвола, бесплатно, на секој што презема примерок од овој програм и податотеките со придружна документација („Програмот“), да ракува со Програмот без ограничувања, што подразбира без ограничувања на правата за користење, умножување, менување, присоединување, објавување, распространување, подлиценцирање и/или продажба на примероци на Програмот, и да им го дозволува истото на лицата што го набавуваат Програмот, од следниве услови:

Кон примероците на Програмот или негови позначајни делови да се приложи горенаведената напомена за авторски права и дозвола.

ОВОЈ ПРОГРАМ СЕ НУДИ „КАКОВ ШТО Е“, БЕЗ БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА, ИСКАЖАНА ИЛИ ПОДРАЗБРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ГАРАНЦИЈАТА ЗА ПРОДАЖНА СПОСОБНОСТ, ПОГОДНОСТ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА ЦЕЛ И НЕПРЕКРШУВАЊЕ. АВТОРИТЕ ИЛИ ИМАТЕЛИТЕ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ПОД НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ НЕ ЈА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТА ВО СЛУЧАЈ НА БИЛО КАКВИ ПОБАРУВАЊА, ОШТЕТИ ИЛИ ТОВАРЕЊЕ ОД ДРУГ ВИД, БИЛО СПОРЕД ДОГОВОРОТ, ПРЕКРШОЧНО ИЛИ ПОИНАКУ, КОИ БИ ПРОИЗЛЕГЛЕ ОД, ИЛИ ВО ВРСКА СО ПРОГРАМОТ, НЕГОВАТА УПОТРЕБА И ДРУГИ ПОСТАПКИ ПОВРЗАНИ СО НЕГО.


За подигачот: MIT-лиценцата има различни верзии, можеби ќе сакате да се одреди лиценцата попрецизно. Стиснете на {{MIT}} за подробности.

Deutsch | English | فارسی | français | 日本語 | македонски | Nederlands | português | português do Brasil | русский | 中文 | 中文(简体)‎ | 中文(繁體)‎ | +/−

НАПОМЕНА: Не користете го овој шаблон директно!! Ова служи само за превод. Користете го шаблонот {{MIT}}!

NOTE: Please do not use this template directly! This is just for translation. Use {{MIT}} instead!