Template:PD-RO-exempt/mk
From Wikimedia Commons, the free media repository
| Public domainPublic domainfalsefalse |
 |
Според Законот за авторското право и сродните права на Романија Закон бр. 8/1996 од 14 март, 1996 со подоцнежни амандмани Глава 3 Член 9 следниве документи не уживаат заштита на авторски права:
- (a) идеи, теории, замисли, научни откритија, процедури, работни методи, или математички концепти како такви и изуми, содржани во едно дело, како и било каква нивна адаптација, запис, објаснение и изразување;
- (b) службени текстови од политички, законодавен, административен или правосуден карактер, и нивни службени преводи;
- (c) официјални симболи на државата, јавните власти и организации, како што се грбоците, печатите, знамињата, амблемите, штитовите, значките и медалите;
- (d) платежни средства;
- (e) новости и информации од печатот;
- (f) прости факти и податоци.
Покрај ова, според Глава 10 Член 85 Став 2,
- Фотографии на писма, сопственички листови, документи од кој било вид, технички цртежи и други слични хартии не уживаат заштита на авторски права.
Затоа оваа слика се смета дека е во јавна сопственост низ цел свет, иако некои од горенаведените категории може да подлежат на ограничувања на нивната употреба во рамките на Романија.
Deutsch | English | français | italiano | македонски | română | русский | +/−
|
|
- This template will categorize into Category:PD RomaniaGov.