Commons:Праведна употреба

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
Shortcuts
COM:FAIRUSE
COM:FU
This project page in other languages:

Ризницата не прифаќа содржини за праведна употреба (како неслободни логоа, корици, екрански слики, или репродукции на заштитени дела) бидејќи законите за праведна употреба се разликуваат од земја до земја—така, содржините кои се сметаат за прифатливи за праведна употреба во САД (по тамошните критериуми кои се многу општи) се неискористливи во повеќето земји.

Праведната употреба (англ. Fair use) зависи од контекстот во кој се користи сликата (или друг вид на податотека). Тоа значи дека нешто што може да се користи како праведно на една страница би претставувало кршење на авторски права на некоја друга страница. Исто така праведната употреба не дозволува складирање на материјали на општи медиски бази како Ризницата. Ова значи дека концептите за праведна употреба едноставно не важат за Ризницата.

Обата проблема јасно се косат со правилата на Ризницата, кои диктираат дека таа се обидува на корисниците да им овозможи медиски податотеки кои може да ги користи „секој, секаде, за било каква цел“. Решението за лиценцирање донесено од Фондацијта Викимедија (WMF) категорички ѝ забранува на Ризницата да чува материјали за праведна употреба.

Таквите слики можете да ги подигате на вашето месно вики, доколку таму е дозволена праведна употреба. Имајте предвид податотеките подигнати на месното вики можат да се употребуваат само на тоа вики.

Некои (но не сите) викија на Фондацијата дозволуваат подигање на извесни неслободни материјали, под мошне ограничени услови, под услов да ги имаат прифатено Правилата за доктрината за изземање на Фондацијата. Македонската Википедија е меѓу оние кои дозволува подигање на такви материјали. За да проверите кои други викија прифаќаат такво користење, погледајте тука.

Шпанската Википедија, на пример, не дозволува подигање на неслободни материјали. Англиската Википедија, од друга страна, дозволува вакви материјали, но под строгите услови на правилата за неслободна содржина, коишто бараат од подигачот да наведе подробно објаснување за причината за праведната употреба на податотеката.

Доколку некое вики не дозволува подигање на материјали за праведна употреба (а извесни викија воопшто не дозволуваат месно подигање, користејќи само медиски податотеки од Ризницата), тогаш не постои начин тоа вики да има пристап до било која податотека која е неслободна или за праведна употреба. Доколку не можете да ја разубедите месната викизаедница да го усвојат Правилата на доктрината за изземање, тогаш немате друг избор освен да најдете друга слободна податотека која би ја заменила постоечката.

Видете исто така[edit]