Commons:Први чекори/Подигање

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
This project page in other languages:

العربية | Alemannisch | asturianu | català | čeština | Deutsch | English | español | فارسی | français | galego | italiano | 日本語 | ភាសាខ្មែរ | 한국어 | magyar | македонски | Nederlands | norsk nynorsk | norsk bokmål | occitan | polski | português | română | русский | slovenščina | shqip | suomi | svenska | Türkçe | 中文(简体)‎ | 中文(繁體)‎ | +/−

Први чекори
Први чекори
Совети и трикови
Трети лица

Како да подигнете податотека[edit]

Врската „Подигни податотека“ лево во кутијата „Учествувајте“

1. Одете на страницата за подигање[edit]

Дали сте најавени со вашата сметка? За да подигате податотеки треба да сте најавени. Врската „Подигни податотека“ ќе ја најдете во левиот дел на страницата: под полето за пребарување, веднаш под насловот „Учествувајте“.

2. Читајте внимателно[edit]

Со кликнување на врската ќе ви се појави страницата за подигање на која стои еден многу важен правен текст. Ова мора да се прочита за да имате краток увид во правните услови кон кои треба да се придржуваат податотеките, како и условите на лиценците на располагање. Во ваш најдобар интерес е темелно да го пројдете овој текст, бидејќи податотеките што не се придржуваат до напишаното ќе бидат избришани без поговор.

Накратко речено, поради правилата за лиценцирање на Ризницата, се бара податотеките да можат да се искористуваат и менуваат за било каква цел со или без согласност од авторот. Ако не сте сигурни која лиценца да ја одберете, погледајте ја препорачаната лиценца. Ако и покрај тоа се двоумите, најслободно поставете прашање на разговорот за лиценцирање пред да подигате податотеки.

3. Одберете ја податотеката што сакате да ја подигнете[edit]

Под правниот текст во образецот за подигање. За да одберете податотека од вашиот сметач, кликнете на копчето „Одберете податотека“ до полето "Изворно име на податотеката". Ќе се појави прозорче за одбирање. Откако ќе одберете податотека и ќе стиснете на „Ок“, патеката на директориумот ќе се појави во полето за текст.

4. Дајте пригодно име за податотеката[edit]

„Целното име на податотеката“ е име кое се користи за врската на страницата подигнатата слика. (Предупредување: ако тука не внесете ништо, тогаш ќе се користи вашето локалното име на податотеката.) Треба да дадете описно име и да се придржувате кон нацрт-правилото за јазици на Ризницата и/или Википедиините конвенции за именување за јазикот кој го користите, каде се наведени напатствија за употреба на големи букви, небуквенобројчени знаци и тн. Не користете неописно име како зададено од дигитален фотоапарат како на пр. „DSC123456.jpg“. Сликите со шифрирани имиња се многу потешки за наоѓање и употреба, и ако користите име зададено од фотоапаратот многу поголема е веројатноста дека некој друг по грешка ќе ви ја презапише сликата. Ова е од особена важност на Ризницата, бидејќи откога ќе подигнете слика, не можете да ја преименувате самите (ќе треба да се обратите кај администратор).

  • Ако не можете да се сетите на некој описен назив, или ако саканото име е веќе зафатено, тогаш употребете го името на категоријата и дополнете го датумот на создавање (на пр. „West facade of Notre-Dame de Paris, 2009-05-26.jpg“ за податотека што треба да оди во Category:West facade of Notre-Dame de Paris).

Освен во случај на ситни технички исправки, секоја податотека треба да се подига под различно име. Името на податотеката му принадлежи на некое конкретно дело: не презапишувајте врз постара слика, дури и со слична или подобра слика со иста тематика. Дури и ако некој дијаграм или карта го прикажува статусот на даден датум, таа не треба да се презапишува со статусот на друг датум (кога сакате да користите постојана врска на други проекти која треба да може да се актуелизира без следни уредувања, тогаш користете врска до страница за пренасочување и таа по потреба може да се префрли кон податотеката која е моментално актуелна).

5. Опис на податотеката[edit]

Образецот за подигање под правниот текст
  • Ако сте ја презеле од друго мрежно место, тогаш наведете URL.
  • Ако сте ја презеле од друг Викимедиин проект, тогаш назначете за кој проект се работи (на пр. „македонската Википедија“), и наведете го тамошниот автор и изворниот наслов.

За да ви успее подигањето ќе треба или да одберете лиценца од паѓачкото мени со лиценци, или пак рачно да додадете ознака за лиценца во полето „Опис“. Не правете ги обете, бидејќи така ќе ги дуплирате информациите.

Сега полето за опис ви дава шаблон што треба да го пополните. Со него информациите се претставуваат во доследен стил.

Ако подигате изменета верзија на некоја податотека, описот на сликата нема да се смени, но она што ќе го ставите во „Опис“ ќе се појави во графата „Коментар“ во табелата „Историја на податотеката“, во долниот дел од страницата на сликата. Таму објаснете кои промени сте ги направиле.

Напомена:

  • За новите корисници важи период од 4 дена во кој тие не можат да презапишуваат податотеки подигнати од други корисници. (Но ова и така не треба да се прави во највеќето случаи.)

Следен чекор[edit]

Лиценцирањето е објаснето на следната страница: „Први чекори/Избирање лиценца“.

Темите од оваа страница се повеќе обработени на страницата Први чекори/Квалитет и опис.

Откако ќе ја подигнете податотеката, треба потоа да ја категоризирате. Погладајте Први чекори/Подредување.

Поврзано[edit]

Страници на Ризницата:

Прирачник за МедијаВики: