Commons:Учество со сопствени дела

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
Shortcut
COM:COWN
This project page in other languages:

Deutsch | English | français | македонски | 日本語 | occitan | polski | русский | தமிழ் | +/−

Ова е водич за сите оние што сакаат да придонесуваат на Ризницата со сопствени дела. Тука ќе ги најдете условите под кои се прифаќа едно дело, како и совет за „пожелни практики“ на викито.

Чекор 1: Дали делото е навистина ваше?[edit]

Не сите дела што сте ги создале се впрочем ваше дело. Вистина е! Прочитајте ја страницата Commons:Ваше дело за да проверите дали делото што сте го создале е всушност дозволено тука.

Чекор 2: Дали е подогна за Ризницата?[edit]

  • Дали вашата подадотека е мултимедијална?
  • Дали би била корисна за проект на Фондацијата Викимедија? На пример, можете ли да посочите некоја статија на Википедија која би имала корист од оваа податотека?

Ако одговорот на обете прашања не е ДА, можеби на податотеката не ѝ местото тука. Повеќе информации за тоа какви сè податотеки се погодни за Ризницата ќе најдете на Commons:Рамки на проектот.

Чекор 3: Податотечни формати[edit]

Ризницата користи исклучиво отворени податотечни формати. Се препорачува:

  • Фотографии: JPG (не ги зачувувајте како „progressive JPG“: ова предизвикува проблеми со минијатурите)
  • Илустрации: SVG се претпочита (зачувувајте како „plain SVG“ и користете поддржани фонтови); се прифаќа и PNG
  • Аудио: Ogg Vorbis
  • Видео: OGG Theora, анимиран GIF

На страницата Commons:Видови податотеки се наведени форматите што се прифаќаат на Ризницата. Commons:Програми и Помош:Претворање на видеоснимки list commonly-used software programs which can be used to convert files to these formats if needed. Commons:Помош со снимки lists programs which can be used to play OGG audio and video. Additional information regarding the videos at Commons can be found at Commons:Видео.

Подигањето е ограничено на 100 МБ. Сликите би требало лесно да се вклопат во ова. Поглемите аудио и видео снимки треба да се разделат на помали делови пред подигање.

Чекор 4: Подигање[edit]

Оние што подигаат сопствено дело можат да отидат право на образецот за подигање на „сопствено дело“. Треба да сте најавени, па затоа ако сè уште немате сметка, направете ја сега. Погледајте и Commons:First steps/Upload form.

Одберете описно целно име на податотеката! Податотеките не се преименуваат лесно, па затоа гледајте да дадете соодветно име од прв пат. Ако заборавите, просто подигнете ја податотеката повторно под описно име, а старата означете ја со шаблонот {{bad name|image:подобро име.jpg}}.

Чекор 5: Опис на податотеката[edit]

Користете го шаблонот {{Information}}. Обратете особено внимание на полето „Опис“.

Замислете си како некој наидува на податотеката преку копчето „Случајна“. Какви информации треба да добие лицето за да сфати за што станува збор? Замислете си како некој ја гледа податотеката преку пребарувач, и единствената информација што може да ја добие е описот што сте го дале. Какви клучни зборови треба да стојат за лицето да може да ја пронајде со сигурност?

Можете да внесувате опис на повеќе јазици, како на пример {{mk|На македонски}}, {{en|In English}} или {{nl|In het Nederlands}}. Ова е многу корисно! За повеќе информации, погледајте Commons:Јазични шаблони.

Ако згрешите правејќи го ова, не грижете се! Ова можете подоцна да го исправите со уредување на описот на сликата, исто како нормална викистраница.


Boarisch | Català | Deutsch | English | Français | Magyar | 日本語 | Македонски | Nederlands | Português | Svenska | 中文(简体)‎ | +/−

Чекор 6: Одбирање на лиценца[edit]

Погледајте: Commons:Одбирање на лиценца. Се препорачува оваа страница да ја прочитате барем еднаш, но ако имате доверба во нас, ви препорачуваме едно од следниве:

  • {{self|GFDL|cc-by-sa-all}}: „Сопствено дело, копилефт, се бара наведување на авторот (Multi-license GFDL, all CC-BY-SA)“
  • {{self|GFDL|cc-by-3.0}}: „Сопствено дело, се бара наведување на авторот (GFDL, CC-BY 3.0)“
  • {{PD-self}}: „Сите права предадени (Јавен домен)“

Овие ќе ги најдете и на одделот за лиценци, или пак можете да ги внесете рачно со прекопирање на задебелениот текст во делот за опис при подигање.

Ако згрешите правејќи го ова, не грижете се! Ова можете подоцна да го исправите со уредување на описот на сликата, исто како нормална викистраница.


Boarisch | Català | Deutsch | English | Français | Magyar | 日本語 | Македонски | Nederlands | Português | Svenska | 中文(简体)‎ | +/−

Чекор 7: Додавање на категории или галерии[edit]

Додајте ја податотеката во барем една релевантна категорија или галерија.

Додајте ги најрелевантните постоечки категории. За да дознаете повеќе за тоа како работат категориите, прочитајте ја страницата Commons:Категории. Категориите можат да се пребаруваат со клучни зборови користејќи ја алатката CommonSense. Таа ќе ви предложи категории врз основа на внесените клучни зборови.

Друг начин е да пронајдете слични податотеки и да видите во кои категории се заведени.

Ако згрешите правејќи го ова, не грижете се! Ова можете подоцна да го исправите со уредување на описот на сликата, исто како нормална викистраница.


Boarisch | Català | Deutsch | English | Français | Magyar | 日本語 | Македонски | Nederlands | Português | Svenska | 中文(简体)‎ | +/−

По избор[edit]

Геокод

На Ризницата се практикува геокодирање - приложување на информации за географска местоположба кон податотеката. Ова ја наведува географската ширина и должина на местото кајшто е сликано со апаратот и се приложува во описната страница преку шаблонот {{Location}} или {{Location dec}}. За повеќе подробности, прочитајте ја страницата Commons:Геокодирање.

Прибележување
Резултати од ImageAnnotator

Ако на вашата слика има повеќе личности, места, објекти и тн. можете да ги означите (прибележите) за препознавање со алатката ImageAnnotator. За повеќе информации прочитајте ја страницата Помош за ImageAnnotator.

Користете ја податотеката во Викимедија

Сега можете автоматски да ја користите податотеката на Википедија или некој друг Викимедиин проект, како да е подигната таму! Значи, не треба да правите ништо посебно -- тоа си работи автоматски.

Слика од Ризницата: File:Пример за слика.jpg

Што внесувате во страницата на проектот: [[Image:Пример за слика.jpg]]

За повеќе подробности за синтаксата за слики, погледајте Помош:Слики и други подигнати податотеки.

Одбирање на висококвалитетно дело (по избор)

Commons:Квалитетни слики е постапка по која се одбираат висококвалитетни дела на учесници кои ги задоволуваат условите наведени во напатствијата за слики. Тука можете да добиете корисни совети за тоа како да ги подобрите вашите фотографски способности.

Ако вашето дело е од највисок можен квалитет на располагање, тогаш треба да го поснесете на Commons:Избрани слики. Овие податотеки се „најдобри од најдобрите“ и секој ден по една ваква се истакнува на главната страница како Слика на денот. Препорачуваме да посветите време на разгледување на постоечките предложени слики и веќе избраните слики за да добиете претстава за квалитетот кој се бара.

Придонесувајте и многу повеќе

Постојат многу алатки предвидени за помош при подагање на поголем број слики.

Најпрвин ви препорачуваме да го прочитате водичот за галерии, шаблони и категории на поединечни корисници. Можете да направите категорија со назив како Category:Files by User:Пример и таму да ги ставите сите ваши податотеки, за лесно наоѓање. (Алатката Gallery автоматски ви покажува кои податотеки ги имате подигнато.)

Постојат неколку програми за „подигање на големо“. Список на такви програми ќе најдете на Commons:Tools#Upload_media.

Имајте предвид дека дури и при подигање на големо, секоја податотека треба да се опише поединечно!

Еден едноставен начин да придонесете со повеќе слики е да го фотографирате вашиот град.

Готово![edit]

Ако имате некакви проблеми или прашања, поставете ги на Страницата за помош.