Commons:Европски натпревар за научна фотографија 2015

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:European Science Photo Competition 2015 and the translation is 36% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:European Science Photo Competition 2015 and have to be approved by a translation administrator.

Outdated translations are marked like this.
.
Other languages:
Cymraeg • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Nederlands • ‎Türkçe • ‎dansk • ‎eesti • ‎español • ‎euskara • ‎français • ‎italiano • ‎kurdî • ‎latviešu • ‎lietuvių • ‎magyar • ‎čeština • ‎Ελληνικά • ‎македонски • ‎русский • ‎татарча • ‎українська • ‎العربية • ‎مصرى • ‎پښتو • ‎მარგალური • ‎ქართული • ‎日本語
Next competition will be held in November 2017. See more at wikisciencecompetition.org

Замисла

Европската култура не може да се замисли без европската наука. Не е доволно само зборува за неа, туку треба и да се покаже. Затоа, треба да ја доловиме и да ја споделиме. Ова е причината поради која одржуваме научен фотоконкурс. Првиот ваков натпревар во Македонија се одржува во текот на ноември и декември 2015 г.

Овој натпревар се одржува во рамките на Викимедиините проекти бидејќи Википедија е активна средина, посветена на собирање и споделување на образовни содржини за сечија слободна употреба. Со тоа, таа претставува одлична подлога за претставување на научната фотографија. Отворениот пристап, интересот на заедницата и корисниците, како и начелната доверливост се само некои од одликите на оваа слободна енциклопедија кои ја прават погодна за популаризација на науката и научната фотографија. Википедија извонредно добро го овозможува приопштувањето на знаењето, а сликите таму се ценат заради нивниот висок информативен квалитет. Од таа соработка имаат позла како викизаедницата, така и научните фотографи. Натпреваров нека биде една рамка за поттикнување на трајна соработка меѓу нив.

Во периодот од 2011 до 2013 г. оваа замисла беше успешно испробана со Естонскиот натпревар за научна фотографија (Teadusfoto), а сега е вистинското време да го прошириме проектот и неговото влијание. За таа цел, одлучено е во 2015 г. да се одржи ваков натпревар на европско ниво со цел Википедија да добие повеќе наука. Меѓународниот карактер на натпреварот значи досег до пошироката научна заедница на континентот, укажувајќи им на можноста да ги споделат нивните наоди и нивната страст со многу поширока јавност по пат на нагледни средства за приопштување во слободната околина на Викимедиините проекти.

Европскиот натпревар за научна фотографија е дводелен: секоја земја-учесничка ќе приреди свој натпревар, по што победниците од секоја земја ќе учествуваат во меѓународниот натпревар. Месните организатори се задолжени со промовирање на натпреварот, избирање на победниците од нивната земја и работа со месните соработници и покровители. Доколку нема месна екипа, тогаш меѓународната екипа ќе ги замени, избирајќи ги месните победници.

Доколку се смета за посоодветно, можно е да се изземе месното ниво и сликите да се поднесуваат право на меѓународниот натпревар.

Напомена: Сите слики на страницава се поднесени на Ризницата во рамките на Естонскиот натпервар за научна фотографија.

Соопштенија за јавноста по земји