Commons:OTRS/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
OTRS Noticeboard
Главни страници за OTRS
Посредникот за доброволците на OTRS
Дозвола за употреба примена преку OTRS

OTRS е кратенка од Open-source Ticket Request System („Систем за барање дозволи со отворен код“). На Ризницата ова значи дека по е-пошта е добиена дозвола за слободна употреба на некоја слика и дека е (или чека да биде) заверена од корисник со пристап на OTRS. На други Викимедиини проекти ова може да значи и побарување на информации на неколку јазици од страна на јавноста или печатот.

Под „ставање на OTRS“ се подразбира испраќање е-пошта на адресата permissions-commons@wikimedia.org и сработување на задачата од страна на доброволец на OTRS.

Ако треба да потврдите дозвола[edit]

  1. Пред да ја подигнете податотеката на Ризницата, најпрвин контактирајте го имателот на авторските права и побарајте му да го пушти делото под слободна лиценца.
    • Авторот мора да одбере една од лиценците што се дозволени на Ризницата. Особено неприфатливо е ограничувањето на употребата на делото само на Википедија или проектите на Викимедиј. Препорачани одговори од авторот ќе најдете на Commons:Шаблони за е-пошта.
  2. Кога ќе добиете одговор, проверете дали одобрената дозвола е погодна за Ризницата. Ако сè е во ред, тогаш подигнете ја сликата и додајте {{OTRS pending}}
  3. Потоа пораката со јасно дадена дозвола од авторот препратете ја на permissions-commons@wikimedia.org, вклучувајќи ги сите насловни делови и сите претходни преписки со имателот на авторските права, како и врска до сликата на Ризницата.
    • Не заборавајте да приложите и информации за потеклото (изворот) на сликата, потврдена од лиценцата (која треба да е во пораката).
  4. Потоа испратената порака по е-пошта ќе ја провери доброволец за да види дали сè е во ред со дозволата од авторот, и ако е така, тогаш тој ќе го замени {{OTRS pending}} со {{PermissionOTRS}}

За да пронајдеете доброволец на OTRS, погледајте ја Category:Commons OTRS volunteers или послужете се со Разглас на OTRS. OTRS моментално има доста заостаток и затоа може да треба да почекате еден месец за да ви одговорат. Ако барањето не ви е одговорено веќе долго време, обратете се кај некој доброволец и побарајте да го проследи.

Доброволците на OTRS исто така работат со извештаи за кршење на авторски права. Секогаш ни треба помош со обработката на е-пошта за дозволи. Ако сте заинтересирани за доброволна работа на OTRS, посетете ја страницата m:OTRS/volunteering или обратете се кај guillom.

Изјава на согласност за сите проверки[edit]

Поради големиот број на недоволно јасни одговори на барањата на дозвола за употреба на слики, текст или сл. (од типот „Дозволувам Википедија да ги користи моите слики“) се препорачува кон вашето барање да приложите стандардна изјава на согласност (и да ја посочите во пораката), која авторот/имателот на правата треба да ја врати во одговорот на таа е-поштенска порака. Долунаведениот урнек по потреба може да се менува согласно она што се бара. Имајте предвид дека зборовите „ДЕЛО“ и „ЛИЦЕНЦА“ не треба да стојат во испратениот одговор бидејќи треба да се заменети со податоци за сликата и лиценцата. Ако до податотеката нема врска на интернет, тогаш можете да ја подигнате на Ризницата со ознаката {{OTRS pending}} и да побарате авторот да стави врска до таа страница во неговата изјава на согласност.

До permissions-commons@wikimedia.org

Со ова потврдувам дека јас сум создавач и/или единствен сопственик на авторските права на ДЕЛО [    вметнете врска    ].

Се согласувам да го објавам тоа дело под слободна лиценца [   одберете барем една    од http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Choosing_a_license#Common_free_licenses — АКО ТУКА НЕМА НИШТО ОВАА ИЗЈАВА Е НЕВАЖЕЧКА ].

Потврдувам дека давам дозвола секому да го користи делото во комерцијален производ, и да го менува според потребите, под услов да се придржува до условите на лиценцата и другите закони што важат за него.

Свесен сум дека јас засекогаш останувам сопственик на авторските права на делото, и дека го задржувам правото да бидам наведуван во согласност со одбраната лиценца. Туѓите измени на делото нема да ми се припишуваат на мене.

Свесен сум дека слободната лиценца се однесува само на авторските права, и дека јас ја задржувам можноста да поведам судска постапка против секој оној што го користи делото на клеветнички начин, или на начин што ги крши правата на личноста, правилата за заштитни знаци и тн.

Потврдувам дека не можам да ја повлечам оваа согласност, и дека делото може да не стои засекогаш на проект на Викимедија.

 ДАТУМ, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ИМАТЕЛОТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА     

Шаблони за слики[edit]

  • Корисниците што имаат испратено добиена дозвола на OTRS но сè уште немаат добиено заверка можат да го употребат шаблонот {{OTRS pending}} за да се известат останатите дека проверката е во тек.
  • Доброволците на OTRS можат да користат {{OTRS received|id=број или билет=URL}} во случаи кога дозволата е добиена, но потребни се дополнителни разјаснувања и размена на информации.
  • Доброволците на OTRS можат да користат {{PermissionOTRS|id=број или билет=URL}} кога дозволата е прифатена и архивирана во системот на OTRS.

Поврзано[edit]