Ризница:Википроект Воздухопловство

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
This page is a translated version of a page Commons:WikiProject Aviation and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:WikiProject Aviation and have to be approved by a translation administrator.

Other languages:
العربية • ‎dansk • ‎Deutsch • ‎English • ‎español • ‎italiano • ‎日本語 • ‎македонски • ‎polski • ‎русский • ‎українська

Long sky background + PAN.jpg


Википроект „Воздухопловство“

Dropshadow lang.jpg
Shortcuts
COM:AVIATION
COM:AV

Добре дојдовте на Википроектот „Воздухопловство“место за соработка помеѓу уредниците со цел да се подобри на опфатеноста на бродовите на Ризницата. Ако сакате да ни се приклучите, додајте си го името во списокот на членови! И не заборавајте да ни се приклучите во разговорот!

Цели
  • Да се обезбедат слободно лиценцирани содржини од областа на воздухопловството за употреба во сите Викимедиини проекти.
  • Подобрување на опфатот на Ризницата со создавање, проширување и одржување на содржини од областа на воздухопловството.
  • Создавање на напатствија и препораки за содржини поврзани со воздухопловството, како и обезбедување на централно место за разговори.
Делокруг
Се смета дека во делокругот на проектот се било какви содржини поврзана со воздухопловството.
Составници
Проектот внатрешно разработи неколку составни делови со цел да помогне во раководството со нашите опширни задачи:
Досег 
Одделението за досег има улога на средиште за досежната работа на членовите, каде спаѓа и набавката на содржини од фотографи и други места, придобивањето на фотографи, обележја за добредојде и други сродни потфати.
Оценување 
Одделението за оценување се задржува на одредување и следење на квалитето на воздухопловните содржини на Ризницата согласно разните мерила. Тука ќе најдете ботовски списоци на скорешни подигања во делокругот на проектот.


Соопштенија и отворени задачи

Проектно обележје

Секоја разговорна страница на податотека во делокругот на проектот треба да има шаблон {{WikiProject Aviation}} (но не со subst:). Иако шаблонот не бара никакви посебни додавки, има низа изборни параметри со кои му се дополнуваат можностите. Целосна синтакса и упатство за употреба ќе најдете во шаблонската документација.

Слики од нераспознаени летала

Напати корисниците подигаат слики без соодветен опис или категоризација — претежно бидејќи не знаат што точно е претставено на фотографијата, како да стават категории или просто забораваат да стават добар опис. Во делокругот на проектот спаѓаат извесни службени категории каде се собираат ваквите податотеки. Ги покануваме корисниците да означуваат податотеки со вакви категории, ако наидат на слики што прикажуваат нераспознаени пловила. Секако, корисниците се уште подобредојдени повремено да ги прелистуваат тие категории за да видат дали можат да им стават соодветни категории и описи на таквите податотеки.

Извори на слободни слики и снимки од воздухопловството

Следат извори на слики или снимки поврзани со воздухопловството кои се во јавна сопственост или под слободна лиценца и можат да се подигнат на Ризницата. Обратете особено внимание на неопходните шаблони или авторскоправни напомени, и осигурајте се дека она што го подигате не прави прекршок на правата.

  • Category:Aviation photographs by photographer — фотографите во оваа категорија објавиле извесни дела под разни лиценци. Обратете особено внимание на врските во шаблоните на поединечните фотографи, каде стои за што сè е дадена изречна дозвола.
  • Пребарајте го Flickr за да најдете слики под лиценцата cc-by-2.0 или cc-by-sa-2.0. Прочитајте ја страницата Commons:Flickr files за повеќе напатствија и подигајте со една од таму опишаните алатки. Имајте го предвид проблемот со перење лиценци.
  • defenseimagery.mil — големо складиште на слики направени од воените сили на САД (и кои се во јавна сопственост во САД). Погледајте ја оваа страница за напатствија за употреба на слики од Министерството за одбрана на САД. Имајте на ум дека некои уредници се сомневаат во статусот на сликите од овој портал ако нема докази дека истите навистина се направени од вооружените сили на САД и може да ги предложат таквите слики за бришење.
  • следува уште …

Категориски родослов