Ризница:Вики го сака фолклорот

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore and have to be approved by a translation administrator.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎Cymraeg • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Gaeilge • ‎Ido • ‎Türkçe • ‎dansk • ‎español • ‎euskara • ‎français • ‎galego • ‎hrvatski • ‎italiano • ‎magyar • ‎polski • ‎português • ‎português do Brasil • ‎română • ‎sardu • ‎slovenčina • ‎slovenščina • ‎vèneto • ‎Ænglisc • ‎čeština • ‎беларуская (тарашкевіца)‎ • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎тоҷикӣ • ‎українська • ‎հայերեն • ‎ئۇيغۇرچە / Uyghurche • ‎اردو • ‎العربية • ‎سنڌي • ‎فارسی • ‎नेपाली • ‎मराठी • ‎मैथिली • ‎বাংলা • ‎தமிழ் • ‎తెలుగు • ‎മലയാളം • ‎ไทย • ‎中文 • ‎日本語 • ‎한국어

Shortcut: COM:WLL20

WLL Subtitled Logo subtitled b (transparent).svg

„Вики ја сака љубовта“ на мрежно место „Вики ја сака љубовта“ на Facebook „Вики ја сака љубовта“ на Twitter „Вики ја сака љубовта“ на Instagram „Вики ја сака љубовта“ на Telegram „Вики ја сака љубовта“ на YouTube „Вики ја сака љубовта“ преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!
(Издание на „Вики ја сака љубовта“ за 2020 г.)
Главна страница Правила и уредби ЧПП Меѓународна екипа Приредување Категории Контакт

Вовед во „Вики го сака фолклорот“

Вики го сака фолклорот (Мета: Wiki Loves Folklore) е меѓународен фотографски натпревар на Викимедиината заедница со намера да се документираат народните култури во различните краишта на светот. Ова е продолжение на проектот „Вики ја сака љубовта“, но овојпат со задршка на народната култура.

Делокруг

Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но неограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, games, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија и тн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.

Награди

  • I награда: 400 долари
  • II награда: 300 долари
  • II награда: 100 долари
  • 15 утешни награди: по 10 долари
  • Награди за видео и аудио снимка: 25 долари, 25 долари
  • Најплоден подигач на слики: 50 долари
  • Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за 500-те најплодни учесници
  • Маици и благодарници за меѓународната екипа

(Напомена: Наградите ќе се доделат во облик на вредносни картички или купони.)

Времеслед

  • 1–29 февруари 2020 г.
  • Отворање на натпреварот: 1 февруари 2020 г.
  • Рок за поднесување: 29 февруари 2020 00:01 ч. (UTC)
  • Прогласување на исходот: околу 14 април 2020 г.

Тема

Фолклор
Поткатегории
Народна култура по земја, народна уметност, народни обичаи, народни игри, празници, фестивали, фолклор, фолклорни ансамбли, народни верувања, фолклорни музеи, етнографски музеи, народна музика, народна вера, народни песни, празници.

Примери за слики кои можат да се поднесат

Луѓе и активности

Народна кујна

Народни танци

Празници

Народна музика

Носии

Што не е прифатливо?

Порнографски или непристојни слики, заштитени уметнички дела и тн.

Победници

Ќе има 18 победнички слики, 1 победничко видео и 1 победничко аудио, како и 1 награда за најплодниот подигач.

Каде да поставам прашање?

Главното место за поставање прашања и давање предлози е разговорната страница (Пишете на било кој јазик, сакаме разнообразност и ќе ве услужиме во секој случај).