MediaWiki:Uploadtext/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

العربية | български | català | čeština | dansk | Deutsch | Deutsch (Sie-Form) | Ελληνικά | English | español | فارسی | français | galego | עברית | hrvatski | magyar | íslenska | italiano | 日本語 | ქართული | 한국어 | македонски | മലയാളം | Nederlands | norsk | occitan | polski | português | русский | slovenčina | slovenščina | suomi | svenska | ไทย | 中文

Слободата е најважна

Сите корисници на податотеки на Ризницата мора да ги имаат следниве Четири слободи:

  1. Слобода на користење и изведување на делото.
  2. Слобода на изучување на делото и примена на информациите.
  3. Слобода на распространување на примероци.
  4. Слобода на создавање и распространување на изведени дела.

Обичните авторски права не ги дозволуваат овие слободи, и освен ако не е поинаку нагласено, сето она што ќе го најдете на интернет е заштитено со авторски права и тука е недозволено. Покрај ова, дела за праведна употреба се ескплицитно НЕДОЗВОЛЕНИ и НИКОГАШ нема да бидат дозволени на Ризницата. Подигајте само податотеки кои или:

  • се во јавна сопственост (т.е. јавна сопственост) во нивната изворна земја (авторот умрел пред повеќе од 70 години) и во САД., или кои
  • се експлицитно под лиценца која ги дозволува овие Четири слободи.

Погледајте ја листата на прифатливи лиценци. Подигајте само корисни податотеки; Ризницата е наменета за образовни и информативни содржини.

За дела кои се ваши, користете го образецот за подигање на сопствени дела.

Опишување на подигнатото

Сортирајте ги податотеките по нивното подигање и внесете подробни информации. Погледајте ги Првите чекори за краток преглед на оваа процедура. Пополнете ги следниве барани полиња во образецот за подигање:

{{Информации
|Опис=
|Извор=
|Датум=
|Автор=
|Дозвола=
|други_верзии=
}}
  • Извор како интернет-врска или дадете изјава како на пр. „сопствено дело“.
  • Датум на создавање или објавување, ако првиот е непознат.
  • Автор(и) на податотеката.
  • Дозвола – цитирајте ја пишаната дозвола која сте ја добиле од авторот. Ако вие не сте автор, тогаш ќе морате да ја препратите пишаната дозвола на адресата permissions-commons at wikimedia.org. Во секој случај морате да ја одберете соодветната лиценца од кутијата за избор или рачно да поставите лиценца под описот.
  • изборно: други_верзии кои се наведуваат со викиврска; може да се испушти.
Помогнете им на корисниците да ја пронајдат оваа податотека. (Ризницата има над пет милиони податотеки.)
  • Користете описно име за податотеката. Не користете автоматски зададени имиња, како на пр. IMAGE1234.jpg.
  • Напишете добар опис за содржината на податотеката. Пребарувачите пребаруваат текст, а не пиксели!
  • Поставете категории за сликата. Послужете се со алатката CommonSense за да најдете категории.
  • Размислете за поставување на локација за сликата, погледнете Commons:Geocoding за повеќе информации.
Други совети:
  • Подигнете ја верзијата на податотеката со највисока можна резолуција.
  • Подигајте ги само оние видови на податотеки кои ги прифаќа Ризницата (SVG, PNG, JPG, GIF, Ogg, DjVU, ...).
  • Незгодни или посрамувачки слики на нејавни личности направени без нивно знаење честопати создава проблеми. Проценувајте мудро.
  • Ризницата служи за образовни или информативни содржини.
  • Ако имате други прашања, слободно поставете ги на бирото за помош.
Доколку не поставите соодветна лиценца и информации за извор, вашата податотека ќе биде избришана без поговор. Ви благодариме на разбирањето.