Commons:Picture of the Year/2013/Message/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Започна I коло од конкурсот „Слика на годината 2013“![edit]

Слика на годината 2012: Пар пчеларки во Арјеж, Франција.

Драги викимедијанци,

Ризницата ве известува дека конкрусот „Слика на годината 2013“ е започнат. Годинава Ризницата го одржува осмиот конкурс, каде ги чествуваме извонредните придонеси на корисниците што учествуваат на неа. Се повикуваат корисниците на Викимедиините проекти да ги разгледаат минатогодишните (2013) избрани слики на Ризницата и да се определат за една Слика на годината.

Земаат учество стотици слики прогласени за „избрани“ од меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година. Тука спаѓаат професионални фотографии од животни и растенија, воодушевувачки панорами, реставрирани стари слики од историско значење, извонредни архитектонски знаменитости, впечатливи портрети и многу друго.

Сликите се подредени во тематски категории за полесно наоѓање. Конкурсот има две кола. Во првото можете да гласате за онолку слики колку што сакате. Во финалето одат сеопшто најдобрите 30 и најпопуларната слика во секоја категорија. Во финалното коло ќе можете да гласате за само една слика — онаа што сакате да стане Слика на годината.

I коло завршува на 7 февруари 2014. Тука дознајте повеќе и гласајте »

Благодариме,
одборот за „Слика на годината“

Поракава ја добивате бидејќи гласавте на минатогодишниот (2012) конкурс за „Слика на годината“.