Template:PD-RU-exempt/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
Public domain Ова дело не подлежи на авторски права според Дел IV од Законикот Бр. 230-ФЗ на Руската Федерација од 18 декември, 2006.

Член 1259. Подлежност на авторски права

Став 5

Авторски права не важат за идеи, концепти, начела, методи, процеси, системи, средства, решенија на технички, организациони и други проблеми, откритија, факти, програмски јазици.

Став 6

Следните не подлежат на авторски права:
  • службени документи на државни и локални општински управни органи, каде се вбројуваат закони, други правни текстови, судски одлуки, други материјали од законодавен, административен и судски карактер, службени документи на меѓународни организации, како и нивните официјални преводи
  • државни симболи и знаци (знамиња, амблеми, ордени, банкноти и слично), како и симболи и знаци на општински органи;
  • уметнички дела (фолклор), кои немаат конкретен создавач;
  • новости за збиднувања и факти, кои имаат чисто информативен карактер (дневни вести, ТВ програми, возни редови, и сл).

Целосен текст на законот: на руски.

Coat of Arms of the Russian Federation.svg

Коментар – Според меѓурепублички и меѓународни договори, Руската Федерација е правен наследник на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република и Сојузот на Советски Социјалистички Републики; затоа, оваа ознака за лиценца важи и за формални документи од Руската СФСР и СССР (сојузно ниво[1]).

Предупредување – Оваа ознака за лиценца не се употребува за предложени официјални симболи и нацрти на формални документи, кои може да се заштитени со авторски права.


  1. „Сојузно ниво“ значи дека употребата на официјални симболи и формални документи во 14-те други советски републики подлежи на законите на нивните правни наследници (т.е. денешните држави). Погледајте ги соодветните ознаки за лиценци.

НАПОМЕНА: Не користете го овој шаблон директно!! Ова служи само за превод. Користете го шаблонот {{PD-RU-exempt}}!

NOTE: Please do not use this template directly! This is just for translation. Use {{PD-RU-exempt}} instead!