Category:Evgenij Pop Acev

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
Македонски: Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година и по професија е доктор по стоматологија. Спортска кариера Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, при што за еден бод заостанал зад победникот, Дамјан Блаум од Аргентина. Во сезоната 2014, повторно е второпласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, овој пат второто место го делел со другиот македонски маратонец, Томи Стефановски.[5] Во февруари 2015 година, на првата трка од гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА, која се одржала на реката Парана (25 км) во Аргентина, Поп Ацев го освоил четвртото место, со време од 2:11:50, заостанувајќи зад третопласираниот за само една секунда. На 29 Охридски маратон (2015 година), Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон. Оваа сезона Поп Ацев ја заокружува со својот најголем и најголемиот успех на македонското маратонско пливање со освојување на првото место во гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА. Во сезоната 2016, со освојувањето на првото место на последната трка во Капри, Поп Ацев е третопласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА.

Media in category "Evgenij Pop Acev"

This category contains only the following file.