Commons:Wiki Loves Monuments/Photo Sharing Permission/mk
Почитуван учеснику на ВСС,
Во рамките на нашата стратегија за подигање на свеста за „Вики ги сака спомениците“, ние (меѓународните и месните приредувачи) споделуваме примери на одлични победнички слики во нашите групи во друштвените медиуми (Твитер, Инстаграм, Фејсбук и др). Би сакале да ви побараме дозвола за употреба на некои од вашите слики за таа цел.
Поради лиценцните правила, ни треба ваша изречна дозвола за да споделиме слика на друштвените медиуми. Ова е дополнително на лиценцата на Криејтив комонс под која веќе ја понудивте сликата.
Дозволата можете да ја дадете согласувајќи се со следново:
Потпишувајќи го документов, им давам дозвола на приредувачите на ВСС (месната или меѓународната екипа) да објавуваат било која од моите слики со кои учествував на „Вики ги сака спомениците“ на истоименото мрежно место и други сметки на друштвените медиуми.
Можете да ги користите и споделувате моите слики во објави на друштвени медиуми како Твитер, Инстаграм, Фејсбукм, Пинтерест итн. со цел да ѝ ги претставите моите дела на пошироката јавност и да го разгласувате натпреварот.