Ризница:Вики го сака фолклорот 2023

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2023 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2023 and have to be approved by a translation administrator.

Shortcut: COM:WLF23

  • Почетна страница
  • 2024
  • 2023
  • 2022
  • 2021
  • 2020
  • 2019


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!

Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук {{{Threads}}} Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список

Објавен е исходот од фотографскиот натпревар „Вики го сака фолклорот 2023“. Победниците можете да ги видите на оваа страница.
Вики го сака фолклорот

Вики го сака фолклорот (на Мета: Wiki Loves Folklore) е меѓународен фотографски натпревар на Ризницата кој се приредува секоја година со цел документирање на народните култури во разни краишта во светот. „Вики го сака фолклорот 2023“ е продолжение на „Вики го сака фолклорот 2022“ чија тематика е народната култура. Овој проект влече корени од 2018 г., со приредувањето на „Вики ја сака љубовта 2019“ чија тема беа свечености и празници поврзани со љубовта.

Делокруг

Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но не ограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, игри, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија итн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.

Тематика

Фолклор
Поткатегории Народна култура по земја, Народна уметност, Кинеско гатање, Народни танци, Европејада, Народни празници, Фолклор, Народни игри, Гавари, Народни ансамбли, Народни волшепства, Етнолошки музеи, Народна музика, Невелинг, Народна вера, Традиционална музика, Традиционални песни, Народно борење.


Награди

* I награда: 500 долари

  • II награда: 400 долари
  • III награда: 300 долари

10 утешни награди: по 40 долари

Награда за најдобро видео и најдобра звучна снимка: обете по 150 долари

Награда за највеќе подигнати слики: Прва награда: 100 долари, Втора награда: 50 долари

• Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за 100-те најплодни подигачи

• Благодарници и разгледници за месните приредувачи.

(Напомена: Наградите ќе се доделат во облик на вредносни картички или купони.)

Рокови

Роковите за WLF 2023 допрва се следниве

  • 1 февруари – 31 март 2023 г.
  • Почнува: 1 февруари 2023 г. во 00:01 ч. (UTC)
  • Завршува: 31 март 2023 г. во 23:59 ч. (UTC)
  • Објавување на исходот: 15 јули 2023 г.

Што не е прифатливо

Не прифаќаме слики и снимки кои:

  • се вон делокругот н аризницата.
  • немаат EXIF-информации.
  • се претерано обработени и дигитално видоизменети.
  • се порнографски или со сексуална голотија.
  • Уметнички дела заштитени со авторски права итн.

Контактирајте нè

Можете да ни се обратите на неколку начини:

Што да ни испраќате

Луѓе и народни активности

Народна кујна

Народни танци

Празници

Народна музика

Носии


Уредувачки натпревар

Од 1 февруари до 31 март 2023 г. ќе се одржи и уредувачки натпревар насловен како „Феминизмот и фолклорот 2023“. Создавајте или проширувајте статии за феминизмот, биографии на жени и родови теми за проектот, премостувајќи го родовиот јаз со задршка на народната култура. Учествувајте сега на вашиот јазик.