Commons:Контакт

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
Контактната страница на други јазици:

Alemannisch | বাংলা | català | Deutsch | English | español | فارسی | suomi | français | italiano | magyar | 日本語 | 한국어 | македонски | norsk | norsk nynorsk | occitan | Bahasa Indonesia | polski  | português  | русский  | slovenčina | svenska | Türkçe | 中文(简体) | 中文(繁體) | +/−

Луѓето нè контактираат од најразлични причини. Иамјте предвид дека сите лица за контакт се доброволци. Ако сакате да контактирате службени лица, тогаш погледајте го Општото одрекување од одговорност.

Општо

Најопшта страница за контакт е Селската чешма (или често посетуваната „Village pump“ на англиски). Тука поставувајте општи прашања и проблеми за заедницата.

Прашања за користење

  • Прашањата во врска со користењето на Ризницата најдобро е да се постават на Бирото за помош. Таму секогаш има компетентни Викимедијанци што ќе најдат соодветен одговор.
  • Некои ни се обраќаат на IRC-каналот #wikimedia-commons на irc.freenode.net или каналите на другите Викимедиинни проекти.
  • Ако не ви се допаѓаат горенаведените варијанти, можете да ни испратите е-пошта на info-commons@wikimedia.org. Меѓутоа таму пораките не ги чита искусна екипа од Викимедијанци, а веројатноста да добиете брз одговор е помала. Ова е адреса ако ви треба дискреција и приватност во обраќањето. Сите други места за контакт се јавни. Бидејќи до овие пораки имаат пристап само неколку лица, би ве замолиле да не ни пишувате за ситни проблеми или за проблеми што можат лесно да се решат на други места.
  • Добра појдовна точка за посложени прашања и општи расправи за разните Викимедиини проекти се поштенските списоци.

Содржини и авторски права

  • Ако сакате да употребите слика од Ризницата на некое друго место, знајте дека тоа можете слободно да го направите. Само внимавајте на условите на лиценцата укажани на информативната страница на податотеката. Не испраќајте ни барања за дозвола по е-пошта; условите на употреба се веќе наведени и ваквите пораки добиваат или некој општ одговор, или пак воопшто не добиват.
  • Ако сакате да искажете формално мислење за прикажаните содржини, да дадете критики и предлози — ова треба да го правите на пеодинечните разговорни страници на секоја податотека. До нив се стигнува преку врската „разговор“ во најгорниот дел на секоја страница.
  • Ако сакате да добиете брза помош во врска со прекршоци на авторски права и слични проблеми, испратете е-пошта до доброволните помошници на проектот: info-en-c@wikimedia.org. Таму наведете:
    • Што точно сакате.
    • За кои страници/слики се работи.
    • Имајте на ум дека ова е неформален, но непосреден и дискретно место за контакт во врска со правни работи. Официјалниот службен контакт по тие прашања ќе го најдете на Општото одрекување од одговорност.
  • Ако ја претпочитате да побавната формална постапка за истрага во врска со DMCA/OCILLA, тогаш испратете го барањето на нашиот повластен застапник
  • Пораките по е-пошта во кои ги предавате правата на слики и други содржини треба да се препраќаат на permissions-commons@wikimedia.org. Обратете внимание дека во пораките мора да наведете точна врска до местото кајшто сте ја подигнале сликата на Ризницата, како и конкретна слободна лиценца. Погледајте ги и страниците Commons:OTRS и Commons:Шаблони за е-пошта.

Контактирање на поединечни автори

Секој регистриран корисник на Ризницата има своја разговорна страница кајшто можете да му напишете порака. Ако корисникот има укажано е-поштенска адреса, тогаш можете да ја употребите функцијата „испрати е-пошта на корисникот“, ако стре регистрирани.

Технички проблеми

Постапката за пријавување на програмски грешки е подробно објаснета на Bugzilla, но се препорачува најпрвин да пријавите на Бирото за помош (во спротивно добиваме многу пријави за една иста работа). Вака можеме да провериме дали се работи за вистинска грешка или можеби нешто не сте разбрале. Сериозните технички проблеми можат да се пријават по е-пошта (на англиски јазик) на noc@wikimedia.org. Оваа адреса не одговара на барања за поддршка.

За печатот и други прашања