Ризница:Вики го сака фолклорот 2021

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2021 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2021 and have to be approved by a translation administrator.
Other languages:
Atikamekw • ‎Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎Deutsch • ‎English • ‎Scots • ‎català • ‎español • ‎français • ‎hrvatski • ‎magyar • ‎polski • ‎português do Brasil • ‎slovenščina • ‎svenska • ‎čeština • ‎беларуская (тарашкевіца)‎ • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎українська • ‎עברית • ‎العربية • ‎فارسی • ‎کوردی • ‎বাংলা • ‎ગુજરાતી • ‎తెలుగు • ‎ไทย • ‎ဘာသာ မန် • ‎မြန်မာဘာသာ • ‎ၽႃႇသႃႇတႆး  • ‎中文 • ‎日本語 • ‎한국어

Shortcut : COM:WLF21

Wiki Loves Folklore Logo.svg

Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!

Вовед во „Вики го сака фолклорот“

Вики го сака фолклорот (на Мета: Wiki Loves Folklore) е меѓународен фотографски натпревар на Ризницата кој се приредува секоја година со цел документирање на народните култури во разни краишта во светот. Вики го сака фолклорот 2021 е продолжение на Вики го сака фолклорот 2020 чија тематика е народната култура. Овој проект влече корени од 2018 г., со приредујвањето на Вики ја сака љубовта 2019 чија тема беа свечености и празници поврзани со љубовта.

Делокруг

Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но неограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, games, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија итн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.

Награди

  • I награда: 400 (американски) долари
  • II награда: 200 долари
  • III награда: 100 долари
  • 10 утешни награди: по 10 долари
  • Награда за најдобро видео и Награда за најдобра звучна снимка: по 25 долари
  • Награда за најплоден подигач на слики: I награда: 100 долари, II награда 50 долари
  • Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за најплодните 100 подигачи
  • Благодарници и разгледници за месните приредувачи

(Напомена: Наградите ќе се доделат во облик на вредносни картички или купони.)

Времеслед

  • 1 – 28 февруари 2021 г.
  • Почнува: 1 февруари 2021 г. 00:01 ч. (UTC)
  • Завршува: 28 февруари 2021 г. 23:59 ч. (UTC)
  • Објавување на исходот: 1 април 2021 г. на страницата Ризница:Вики госака фолклорот 2021/Победници [Напомена: Објавата може да претрпи промени или да биде одложена поради пандемијата.)

Тематика

Фолклор
Поткатегории
Народна култура по земја, Народна уметност, Кинеско гатање, Народни танци, Европејада, Народни празници, Фолклор, Народни игри, Гавари, Народни ансамбли, Народни волшепства, Етнолошки музеи, Народна музика, Невелинг, Народна вера, Традиционална музика, Традиционални песни, Народно борење.

Победници од 2020 г.

Утешно наградени

Примери

Луѓе и народни активности

Народна кујна

Народни танци

Празници

Народна музика


Носии

Што не е прифатливо?

Порнографски или непристојни слики, заштитени уметнички дела итн.

Победници

Ќе има 18 победнички слики, 1 победничко видео и 1 победничко аудио, како и 1 награда за најплодниот подигач на слики.

Каде да поставам прашање?

Главно место за поставање прашања и давање предлози е разговорната страница (Пишете на било кој јазик; сакаме разнообразност и ќе ве услужиме во секој случај).