Ризница:Слика на годината/2019/Помош

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2019/Help and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2019/Help and have to be approved by a translation administrator.
Слика на годината 2019
Исходот е познат! Исход
end
Слика на годината 2019 || ВоведПравилаРасправаПреводиОдборПомош || I круг КандидатиГалерија || II круг Галерија || Исход

Често поставувани прашања

Кога ќе започне?

  • I круг почнува на 8 март 2020, 15:00 и завршува на 22 март 2020, 23:59:59
  • II круг почнува на 5 април 2020, 15:00 и завршува на 19 април 2020, 23:59:59

Кои слики се подобни за натпреварот?

Право на учество во I круг имаат сите слики прогласени за „избрани слики“ во текот на 2019 г. Најуспешните од нив продолжуваат во II круг.

Дали ќе ми се важи гласот што го дадов за време на бета-пробата, ако сум подобен да гласам?

Да, доколку гласот е важечки (т.е. можеме да утврдиме за која слика сте гласале, сликата не е ставена во галеријата по грешка или со вандализам). Можете да ги погледате сите гласови што сте ги дале во вашите придонеси или пак на контролорот „Мој POTY“ во горниот десен агол во галериска страница.

Дали можам да гласам по завршувањето на периодот на гласање?

Гласовите дадени по истекот на периодот на гласање не се важат. Со истекот на рокот, страниците за гласање замрзнуваат. Гласањето по истекот не подлежи на никаква казна (блок или административна постапка), туку едноставно се поништува.

Каде е страницата за помош со алатката за гласање.

Таа страница ќе ја најдете овде. За да ја користите алатката, ќе мора да имате овозможено JavaScript. Иако се трудиме да им излеземе во пресрет на корисниците, не сме во можност да понудиме потемелна техничка поддршка поради обемот на гласови. Стиснете тука за да дознаете како да го овозможите JavaScript во вашиот прелистувач.

Управувачницата „Мој POTY“ ми вели дека сум неподобен, но јас знам дека сум.

Врската „Мој POTY“ е истакната на сите страници кајшто можете да гласате.

Во таков случај, можете да преземете неколку чекори.

  1. Прво, проверете дали сметката на Ризницата ви е сврзана со сметката на вашето матично вики.
  2. Стиснете на управувачницата „Мој POTY“ во горнот десен агол на било која галериска страница. Во делот за подобност на отскочното прозорче, стиснете на копчето „Провери пак“.
  3. Ако ова не работи, тогаш стиснете на копчето „Отстрани“ во „Мој POTY“ и превчитајте ја страницата.
  4. Ако и ова не работи, може да треба да ги избришете меѓускладот и колачињата во прелистувачот. Ова се прави во нагодувањата (поставки) во прелистувачот. Побарајте во пребарувач или обратете се кај производителот за да дознаете како се чистат колачињата. Откако ќе ги избришете, системот може да ве одјави. „Мој POTY“ ќе го најдете на сите галериски страници ако во прелистувачот имате вклучено JavaScript.
Освежување на меѓускладот — Едноставни чекори
Кај највеќето прелистувачи на Windows и Linux:
  • Држете Ctrl и стиснете на F5.

Во Apple Safari:

  • Држете  Shift и стиснете на копчето Превчитај во алатникот.

Во Chrome за Mac:

  • Држете  Cmd и стиснете на R.

Во Firefox за Mac:

  • Држете  Cmd и стиснете на F5.

Како можам да гласам рачно?

  1. Проверете дали сте подобни за гласање и дали сте најавени на Ризницата.
  2. На страницата „Слика на годината“ стиснете Гласајте сега ».
  3. Стиснете на категорија.
  4. Стиснете ка копчето Инфо десно под сликата за која сакате да гласате.
  5. Стиснете на Список на гласови во малото отскочно прозорче.
  6. Стиснете на измени во делот „Гласови“
  7. Ставете го вашето корисничко име како другите корисници пред вас. На пример: # [[User:Myusername|Myusername]]
  8. Стиснете на Зачувај страница.

Ако не го направите како што треба, ќе ви се појави порака што ќе ви каже како да гласате правилно.

Поради работниот обем, не сме во можност да ви пружиме потемелна техничка поддршка. Погледајте во поставките и менијата на прелистувачот или пак побарајте одговор во пребарувач.

Дали ќе има исход од натпреварот пред да заврши кругот?

Не. Не сакаме исходот да ги подведе гласачите и да изврши уште поголемо влијание во полза на сликите ко имаат почетна предност. Сета гласачка статистика ќе биде објавена откако ќе заврши кругот. Самите можете да ги анализирате страниците со гласови за кандидатите на било кој начин, но ние сме изречно против објавување на исходот пред да заврши кругот.

Кој го приредува натпреварот?

Погледајте ја Страницата на одборот.

Поставете прашање

Ако имате прашање што не е одговорено погоре,

Стиснете тука за да го поставите