Commons:Upload/mk/Unknown author or license

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Зошто треба да се знае авторот и лиценцата?

Ако не знаеме кој е авторот, тогаш не знаеме кој е праводржецот.

Ако не знаеме кој е авторот, и кога делото е создадено, и под какви околности (овие се изворните податоци), тогаш не можеме да го знаеме правниот статус за авторството на делото. Не можеме да дознаеме каква лиценца важи за делото. Се разбира, понекогаш правилата се менуваат ако авторот никогаш не бил познат.

Наша должност е да чуваме дела за кои се знае дека се достапни под слободна лиценца (или дека се во јавна сопственост). Тоа значи дела за кои се знае дека не прекршуваат нечие авторско право.

Затоа, сите дела со непознат автор или правен статус на авторството (лиценцата), ќе бидат неминовно избришани. Ве молиме, не ги подигајте на Ризницата на Викимедија.